Обид за напад врз привремениот претседател на Мали

од Stefanija Kuzmanovska

Привремениот претседател на Мали, Асими Гоита, бил цел на обид на убод со нож за време на молитвата по повод Курбан Бајрам во Големата џамија во Бамако, објави претседателството на таа западноафриканска република на Твитер.

„Напаѓачот веднаш беше совладан од обезбедувањето. Истрагата е во тек“, објави претседателството, пренесува „Ројтерс“.

Два воени извора за „Ројтерс“ изјавија дека Гоита не бил повреден во нападот.

Чуварот на џамијата Идрис Коне рече дека видел како напаѓачот му се приближува на претседателот, а претседателот и неговите членови на обезбедувањето го извлекле оружјето, пренесува „Танјуг“.

Гоита, 38-годишен полковник на специјалните сили, ја презеде власта во јуни, откако за девет месеци симна од власт друг претседател.

Слични содржини