333
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.А. (29) од село Ваксинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид.
-На 10.05.2022 околу 15 минути пред полноќ во центарот на село Ваксинце, пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана на Х.А. (37), кој бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Куманово за укажување лекарска помош, стои во полицискиот билтен на МВР.