16
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(22) од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „обид за убиство“.
На 08.10.2024 во село Камењане, пријавениот со остар предмет му нанел повреди на Ф.С.(35) од истото село, со кого се познавале и работеле заедно.
А.Ј. бил задржан во полициска станица.