Пред два дена се одржа премиерното прикажување на „First Man“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто. Актерот Рајан Гослинг, кој ја толкува главната улога во филмот, вчера се појави на прес-конференција во Торонто, Канада.

Гослинг беше во придружба на Оливија Хамилтон, Клер Фој и Рик Армстронг. Филмот е инспириран од животот на Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на Месечината на 20 јули 1969 година.
Објавен е втор, интернационален, трејлер. Премиерата во САД е закажана за 12 октомври.