Објавен тајниот договор САД -Русија за Сирија: Право за гаѓања имаат само велесилите, сириската армија ќе стои настрана, чисти патишта…

од desk3
69 прегледи

Во четвртокот (22-ти септември) агенција Асошиетед прес објави детали од руско-американското договор за прекин на огнот во Сирија, потпишан на 9 септември во Женева и кој најпрво требаше да биде таен, соопшти РИА “Новости”. Од руското Министерство за надворешни работи потврдија дека предметниот извадок е само еден од вкупно петте усогласени документи.

1474635855-ce
Подоцна објавениот документ беше закачен на сајтот на Стејт департамент. Од објавената информација, станува јасно дека Москва и Вашингтон се договориле за создавање на демилитаризирана зона во реонот на стратешкиот пат Кастело крај Алепо. Двете страни се договориле исто сириската армија да не дејствува во областите во кои Русија и САД нанесуваат удари по терористичките групи “Исламска држава” и “Џебхат ан-Нусра”. Според текстот на спогодбата САД прифатиле дека најважна задача им е да ги разликуваат единиците на сириската опозиција од “ан-Нусра”.

Договорните клаузули го предвидуваат бројот на бунтовниците кои ќе имаат право да го напуштат Алепо, како и оружјето , и да бидат усогласени со ОН.

Во Москва сметаат дека објавувањето на договореното ќе помогне за нивното почитување, како и за придвижување на мировниот процес во Сирија. Од Белата куќа одбија да ги коментира протекувањето информации. Досега Вашингтон сметаше дека е излишно да се дава гласност на договорот за Сирија поради “премногу чувствителниот” карактер.

“Ние уште од почетокот ја повикавме американската страна да ги објавува документите. Чудно што се случи тоа и наместо документот да биде објавен официјално од Стејт департментот, се прибегна до испуштање на информации во медиумите … Но, тоа е во стилот на американските колеги “, изјави портпаролот на руското МНР Марија Захарова по повод објавените од АП документи.