Српското здружение „Еколошко востание“ објави дека дошло до аудио снимка од 2017 година, на која, како што наведуваат, „јасно се слуша како српскиот претседател Александар Вучиќ на новинарката Бранка Ѓукиќ, поранешна директорка на Танјуг и актуелна советничка на претседателот, ѝ кажува што прашање да му постави“.
На аудио-снимката објавена на Јутјуб се слуша како Вучиќ во два наврати ѝ кажува на Ѓукиќ да му постави прашање како ги коментира настаните во Македонија и која е неговата порака до граѓаните.
Целиот одговор на Вучиќ не се слуша на снимката, но има извадоци од таа изјава по српските медиуми од април 2017 година.
„Како премиер на Србија и како избран претседател на Република Србија, секогаш правев се за да ги одржувам најдобрите односи меѓу Белград и Скопје и меѓу Србија и Македонија.
Мислам дека граѓаните на Македонија тоа многу добро го знаат и го почитуваат начинот на кој Република Србија се однесуваше кон граѓаните на Македонија, како и кон државата Македонија.
Многу сум загрижен за сите настани вечерва и мојата единствена порака е, и мислам дека народот на Македонија многу добро знае дека тоа доаѓа од нивниот искрен пријател, е да побара од нив да ги решат сите проблеми и несогласувања на мирен начин, да , ако имам право, да кажам дека смирувањето на ситуацијата секако е во најдобар интерес и за Македонија и за нејзините граѓани, а сите други работи и сите други проблеми можат да се решат на преговарачка маса, на мирен начин, на мирна атмосфера.
Ова веќе не е само македонски проблем, туку станува проблем за сите нас што живееме овде, и подобро е веднаш да престанеме со сите проблеми и да обезбедиме мир и стабилност за нашите деца.
И затоа ги молам сите во Македонија, оние што ми се познаници, а некои се пријатели, но и оние што не ги познавам, само да ја сфатат оваа порака како добронамерна и да направат се за да се врати мирот и безбедноста на сите граѓани. на Македонија, а во Србија секогаш ќе има искрен и верен пријател“, рекол Вучиќ како одговор на нарачаното прашање.
Вучиќ се огласил по крвавиот 27 април во 2017 година, кога следуваше упадот во Собранието.