Претставник на Министерството за внатрешни работи на Украина објави вознемирувачко видео од обидот за убиство на водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер во Киев.
На видеото е прикажано како застанува автомобил, од каде напаѓачите излегуваат и пукаат кон човек кој минувал покрај паркингот.
Претходно денес беше објавено дека напаѓачите се уапсени по полициската акција.
Да потсетиме дека според украинските медиуми, станува збор за државјани на Црна Гора, Северна Македонија и Србија, а за еден од нив има и меѓународна потерница за убиство.
Главните причини за обидот за атентат биле криминалните активности на жртвата, можното прераспределување во злосторничката организација, како и меѓу балканските криминални кланови кои ја контролираат трговијата со дрога.
https://www.facebook.com/anton.gerashchenko.7/videos/2988345961252231/