
По десет часовна опсада на зградата во Трговачката улица во Белград во Србија се уапсени двајцата крадци на менувачницата, додека третиот се самоубил.
Снимката ја објавиле белградските медиуми.
Иналку, кражбата се случила утринава околу 8,20 часот кога со пиштол арамиите ја олесниле менувачницата, која се наоѓа во населбата Чукарички, а потоа побегнале во блиската зграда. Но, набрзо биле опколени од специјалните сили на српската полиција. За сега е непознато дали тројцата учествувале во кражбата или еден од нив помагал при изведувањето на криминалниот чин.
закана