ОБЈАВЕНИ ДО СЕГА НЕПОЗНАТИ ПОДАТОЦИ ЗА ЧЕРНОБИЛ: Симната ознаката за тајност, и пред 1986 година имало незгоди

од Aleksandar Petrovski
195 прегледи

Архивите на Службата за безбедност на Украина и украинскиот институт за национално сеќавање ја симнаа ознаката за тајност од документите за изградба на нуклеарната централа во Чернобил и несреќата што се случи таму.

Втората книга во збирката „Чернобилско досие на КГБ. Од изградба до несреќа“ беше објавена и вклучува документи кои го опфаќаат периодот од 1970 до ноември 1986 година. Книгата претставува 229 документи, а голем дел беше објавена за прв пат.

Според документите, инцидентите во нуклеарната централа во Чернобил се случувале и пред април 1986 година, но никој не зборувал за тоа.

– Документите содржат сведоштва за несреќи во електроцентралата во 1986 година, записници од телефонски разговори во електроцентралата ноќта на 26 април, копија од првиот извештај за несреќата, информации за почетокот на истрагата и изградбата на „куполата“ – рече директорот на архивата на СБУ, Андреј Когут.

Според директорот на институтот, Антон Дробович, документите ќе придонесат за „подобро разбирање на трагедијата, бидејќи тие вклучуваат извештаи и материјали за „мали“ хаварии, што се случиле претходно во нуклеарната централа, но кои биле криени“.

Претходно, украинската специјална служба објави тајни документи кои сведочат за ниско-квалитетните градежни и инсталациски работи, прекршување на технолошката дисциплина и правила за безбедност во нуклеарната централа во Чернобил.
Како што се наведува, во периодот од 1971 до 1981 година, во електроцентралата се забележани 29 инциденти, вклучително и неколку помали дефекти. Осум инциденти се случиле поради небрежност на персоналот.

Хаварија во нуклеарната електрана

На 26 април 1986 година, се случи експлозија за време на закажаните тестирања на четвртата погонска единица на нуклеарната централа. Нуклеарното јадро на реакторот било целосно уништено, зградата на погонската единица делумно пропаднала и се појавила значителна емисија на радиоактивни честички во околината.

Две лица загинале во моментот на несреќата, околу 600 луѓе од станицата и пожарникарите добиле високи дози на зрачење (28 од нив починале таа година). Повеќе од 200.000 квадратни метри од СССР биле изложени на радиоактивна контаминација. Според експертите, тоа е најголемата несреќа во историјата на нуклеарната енергија. Повеќе од 600.000 луѓе учествуваа во елиминирање на последиците.

Пред несреќата, повеќе од 47.000 луѓе живееле во градот Припјат, кој се наоѓа на три километри од нуклеарната централа „Чернобил“, а сега тој е град на духови заради високото ниво на радијација.

Слични содржини