
Чедомир Јовановиќ, лидер на српската партија ЛДП, е осомничен за брутално тепање со тениски рекет на Жарко Ивковиќ, сопственик на приватната клиника „Физио центар“, пред два дена, во обем што несреќниот човек има хематом на главата, модринки на грбот и неколку конци на раката, кога се обидувал да се одбрани.
Додека некои српски медиуми пишуваат дека причината е тоа што сопругата на Јовановиќ била малтретирана додека бил во болница, други тврдат дека причината е нешто друго.
Така, „Курир“ известува дека причина за сето ова е затоа што Јовановиќ, наводно, се обидел да го преземе бизнисот на Ивковиќ, што тој не го дозволил. Ивковиќ претходно соработуваше со приватна компанија контролирана од сопругата на Јовановиќ, Јелена, но таа соработка заврши одамна.
Бидејќи лидерот на ЛДП неодамна ја напушти Клиниката за инфективни болести, каде лежеше заради инфекција со коронавирус, обвинителството сега испитува дали Јовановиќ бил должен да биде во изолација – ако е така, тогаш тој покрај насилното однесување извршил и кривично дело против човековото здравје.
И фактот дека Јовановиќ не заврши веднаш во притвор, укажува на тоа дека, според сите извештаи, тој се повикал на пратеничкиот имунитет.
Во медицинскиот извештај не е наведено дали повредите се мали или сериозни. Ивковиќ има неколку хематоми на главата, модринки на грбот … Неговите раце крвареле додека се обидувал да ја заштити главата. Една од раните на раката била многу длабока, таа е сошиена, има и неколку конци – велат лекарите за српските медиуми.
