Локалното Министерство за здравство од Омск ги објавило резултатите од анализата на урината на рускиот опозиционер Алексеј Навални, при што соопштија дека се пронајдени алкохол и кофеин.
„Дури и денес, можеме да кажеме со прецизност дека не е пронајдено присуство на оксибутират, барбитурат, стрихин, како и конвулзивни или синтетички отрови.Само алкохол и кофеин биле пронајдени во урината“, се наведува во извештајот,
Министерството, исто така, изјавува дека лекарите од Омск се подготвени да ги испратат целосните резултати од анализата на Навални до нивните германски колеги.
Навални утрово беше префрлена од Омск во Берлин, каде што се лекува на клиниката „Шарит“.
Навални во четвртокот колабирал во авион откако претходно на аеродром испил чаша чај, во која неговите следбеници велат дека имало и отровна суспатанца.