Објавени првите фотографии од сетот на вториот дел на филмот „Дина“

од Stefanija Kuzmanovska

Љубителите на филмот „Дина“ конечно можат да видат што ги чека во продолжението на делото на Денис Вилнев, бидејќи се објавени првите фотографии со сцени од филмот.

Ако се прашувате како започнува вториот дел од „Дина“, сетете се како заврши првиот дел од 2021 година.

Режисерот Денис Вилнев истакнува дека ова не е нов филм, туку продолжение на првиот.

„Важно е што тоа не е продолжение, тоа е втор дел. Има разлика. Сакав филмот да започне на истото место каде што ги оставивме ликовите. Нема временски скок. Сакав драматичен континуитет со првиот дел“, изјави Вилнев за „Venity Fair“ по повод објавувањето на првиот тизер.

Премиерата на вториот дел од „Дина“ е веќе закажана за 3 ноември.

Филмот е адаптација на истоимениот роман на Френк Херберт.

Митската авантура беше премиерно прикажана на почетокот на септември на филмскиот фестивал во Венеција, а наиде на одлични критики.

Слични содржини