Српскиот министер за финансии, Синиша Мали, денес изјавил дека сите вакцинирани граѓани или оние кои примиле една доза до 31 мај, ќе можат да аплицираат за дополнителна помош од 3.000 динари (25 евра) од 1 до 15 јуни, како и да ги добијат парите до 20-ти истиот месец.
Како што било соопштено од тамошното Министерство за финансии, утре на седницата на Владата ќе биде усвоен уредба со која се дефинираат постапката и начинот на плаќање на тие дополнителни 3.000 динари за вакцинираните граѓани.
„Пријавата ќе биде иста како и за помошта од 30 плус 30 евра, преку веб-страницата на Министерството за финансии, и секој што ќе аплицира ќе ја добие оваа дополнителна помош до 20 јуни“, рекол министерот во Националниот дневник на Пинк телевизија, како што соопштиле од неговиот кабинет.
Пензионерите нема да мораат да аплицираат за оваа помош, исто како што не се барало за исплатата на 30 плус 30 евра.