Објавено колку долго штити вакцината на „Фајзер“ од моментот на имунизација

од Stefanija Kuzmanovska

Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави дека нивната вакцина против ковид-19 штити до шест месеци од моментот на имунизација.

Ова се, меѓу другото, податоците што американскиот „Фајзер“ и германскиот партнер „Бајонтек“ ги објавија во извадоците од ажурираната клиничка студија во која учествуваа 44.000 волонтери, пренесува „Гласот на Америка“.

Компаниите наведуваат дека нивната вакцина е ефикасна во 91 отсто од случаите против симптоматски заболувања и дека нејзиниот ефект е уште поголем во спречување на посериозни болести.

Повикувајќи се на ажурирани податоци од истражувањето, компаниите велат дека вакцината се покажала како 100 отсто ефикасна во спречување на инфекција со коронавирус кај учесниците во студијата во Јужна Африка, каде што доминантен е новиот вид на вирусот Б1351, иако бројот на учесници во студијата бил релативно мал – 800, објави претходно „Ројтерс“.

Слични содржини