Семејството на 33-годишната Ирена Костовска која почина на Клиниката за абдоменална хирургија, го објави отпусното писмо и побара одговорност од лекарите за смртта на жената.
Тие обвинуваат дека станува збор за лекарска грешка кога на Клиниката за дигестивна хирургија откриле дека тенкото црево на четири места ѝ било продупчено и сошиено откако ѝ бил изваден миом од матката.
„Во отпусното писмо пишува дека е примена на 29.04.2021 година, а починала на 09.05.2021. На сликата е прилог дијагноза на која е напишана само нејзината последна операција, вкупно ги имала 4 од кои 2 во ист ден“, стои во објавата на Фејсбук.
Министерот Филипче формира комисија да го испита случајот, а ДСЗИ бара евентуални пропусти. Од Инспекторатот веќе известија дека ја бараат сета документација поврзана со случајот од Клиниката за Гинекологија, каде што била примена и оперирана, од Клиниката за дигестивна хирургија, каде што била препратена и повторно оперирана, од КАРИЛ, каде што била пренесена пред да почине како и од матичниот гинеколог и матичниот лекар.
Семејството тврди дека хирург на дигестивната клиника констатирал физички повреди на цревата и папочната врвца, но тврдењата ги отфрли директорката на гинекологија Викторија Јовановска која ја оперирала Костовска и од неа отстранила миом. На укажување на лекарите и директорката на ГАК, Јовановска но и во насока на утврдување на причините за смртта, семејството на Костовска се согласиле и денеска нејзиното тело е донесенои на инстутит за судска медицина, а ќе се прават и дополнителни испитувања на инстутит за патофизиологија.