Објавено последното дело на Хокинг: Научникот се обидел да открие една од најголемите мистерии во вселената

од desk2
80 прегледи

Објавено е последното научно дело на покојниот физичар Стивен Хокинг во кое тој се обидел да открие што се случува со информацијата кога објектот ќе падне во црна дупка.

Ова е трето дело во кое Стивен Хокинг се занимава со црните дупки и информациите.

Марика Тејлор, професорка по теориска физика на Универзитетот Саутемптон и поранешна студентка на Хокинг, вели:”Разбирањето на микроскопското потекло на оваа ентропија – кои се основните квантни состојби кои се пресметуваат во ентропија? – е еден од најголемите предизвици во последните 40 години. Ова научно дело предлага начин на разбирање на ентропијата за астрофизичките црни дупки, базиран на симетрија на аголот на хоризонтот. Авторот изнесува неколку сериозни претпоставки , па следниот чекор ќе покаже дали овие претпоставки се точни”.