Објавено видео во кое Бајден и Обама го критикуваат Трамп

од Stefanija Kuzmanovska

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден и поранешниот претседател Барак Обама ги засилија нападите врз претседателот Доналд Трамп во ново видео, во кое се прикажува нивната прва лична средба од почетокот на епидемијата на коронавирус.

АП известува дека видеото, кое беше објавено денес на Интернет, е последен обид да се вклучи поранешниот претседател во кампањата за 2020 година како поддршка на неговиот поранешен потпретседател, бидејќи Бајден се обидува да ја обнови победничката коалиција на Обама во ноември.

Поранешниот претседател и потпретседател го искористија разговорот во стил на интервју за да ги зајакнат аргументите на Бајден против Трамп, а Обама ги истакна искуствата на Бајден и личните атрибути.

Тие посочија на личниот придонес во законот за здравствена заштита што беше донесен за време на претходната администрација и го обвинија Трамп за поттикнување поделби и непријателство меѓу Американците од моментот кога влегол во претседателската трка во 2016 година.

Тие исто така беа многу критични кон постапките на републиканскиот претседател во борбата против коронавирусот.

Слични содржини