Објавувачот на видеото, корисник на руските мрежи е противник на актуелната власт, пријател на ВМРО ДПМНЕ и Иванов!

од Vlatko K

Италијанскиот весник „Ла верита“ објавува за Македонија уште од времето на  на т.н акција на  ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски „Десоросизација“, анализира  СДК .

 

 Авторот на сите текстови за состојбите во Македонија е Ларис Гајсер,кој сега  најавува и нови продолженија на денешниот текст за аферата „Рекет“.

Со поднаслов „Стари ПАРТНЕРИ“, Дојче Веле открива детали кој е и чиј е весникот кој во континуитет објавува вести против Зоран Заев, Шарената револуција , а како поддршка на ВМРО ДПМНЕ. Дојче веле наведува;

Стари партнери

Засега нема одговор, но има претпоставки како стигнала снимката во италијанскиот весник Ла верита, кој во изминатите неколку години важи за медиум близок на сегашната опозиција во земјата. Ла верита беше првиот странски медиум кој пред еден месец информираше за „бомбата“ објавена на руски мрежи, а во која Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, наводно го мести победникот на тендерот за набавка на опрема за М-НАВ. Тогаш Ла верита објави текст под наслов „Скандал во Скопје – ‘Тендер за Леонардо: Циганите како нас'”, а текстот го илустрираше со фотографија на премиерот Заев.

Во тој весник место наоѓаа ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за време на политичката криза, но и по изборите во декември 2016 година. Во јануари 2017 година весникот објави интервју со тогашниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, под наслов „Сорос да престане да го дестабилира Скопје“.

Веста дека италијанскиот весник објавил снимка од криминални активности на осомничените во „Рекет“, утрово први ја објавија медиумите блиски на опозицијата. Не се исклучени и сомневања дека патот на снимката од Скопје до италијанскиот весник поминал преку Будимпешта, заклучува Дојче Веле во денешната анализа за Македонија

 

Весникот „Ла Верита“, кој ги објави снимките, меѓу другото, и од разговор меѓу Јордан Камчев и Боки 13, во кој се имплицира вмешаност на специјалната обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“, важи за близок до есктремнодесничарската партија Лига, која ја предводи актуелниот министер за внатрешни работи, Матео Салвини. Во него во континиутет се објавуваат информации со кои се атакува на сите што размислуваат поинаку од Салвини, Орбан, Јанша, Ле Пен и од останатите претставници на радикалната десница, напиша 360.мк.

Салвини и унгарскиот премиер Виктор Орбан многупати во изминатиот период го демонстрираа политичкото сојузништво. Орбан изјавуваше за Салвини дека е негов политички херој (за разлика од Макрон кого го смета за непријател) и дека е„најважниот политичар во Европа“.

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини има врски и со рускиот претседател Владимир Путин. Неодамна беше објавена снимка од негови соработници кои во Москва преговараат план со кој Русија пред европските избори треба финансиски да ја помогне крајната десница, вклучувајќи ја и партијата на Салвини, со цел да се поткопаат либералните демократии и да се формира „нова Европа блиска до официјална Москва“.

КОЈ Е АВТОРОТ НА ТЕКСТОТ

Инаку, авторот на текстот Лорис Гајсер е Словенец со италијански пасош. Тој е претседател на Паневропското движење на Словенија, дел од претседателството на меѓународната Паневропска Унија. Заедно со него, во претседателството на оваа организација е и доскорешниот македонски амбасадор во Брисел, Андреј Лепавцов и советник на поранешниот премиер Никола Груевски.

На парламентарните избори во 2011 година Гајсер бил кандидат на изборите за десничарската Словенечка људска странка.

А1Он ја дополнува сликата за Гајсер па оди со наслов каде што наведува дека тој бил  во блиски односи со екс претседателот Ѓорѓи Иванов и ВМРО ДПМНЕ.

Истиот извор наведува дека тој на својот фејсбук профил шерува главно вести на провмровските медиуми Република и Експрес.мк.

СДК.мк пак ги објави факсимилите од сите текстови објавени во „Ла верита“ од 15 јануари 2017 досега:

Италијанскиот весник „Ла Верита“, кој денеска објави видео и дел од разговорот како Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев, што е предмет на истрагата „Рекет“ на Обвинителството за организиран криминал и корупција, уште од 15 јануари 2017 објавува текстови кои силно се заснoвани на партискиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ла верита“ на 2 јули објави и аудиоснимка за наводно договарање тендер во М-НАВ во кој е вмешан и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, со текстот „Скандал во Скопје, Тендер за ‘Леонардо’, Цигани како нас“. И во овој текст како и во денешниот за Камчев, весникот не кажува од каде му се аудио и видеоснимките.

 Весникот, чиј прв број излезе на 20 септември 2016, веќе на 15 јануари 2017 објави интервју со тогашниот македонски министер за надвореши работи во техничката влада Никола Попоски, кој ја промовира операцијата за „десоросоизација“ на Македонија што ја најави експремиерот Никола Груевски непосредно по изборите на 11 декември 2016.

На 15 јануари 2017 објави интервју со тогашниот македонски министер за надвореши работи во техничката влада Никола Попоски под наслов „Сорос да престане да ја дестабилизира Македонија“

На 14 мај 2017, по организираниот напад на Собранието на 27 април, „Ла верита“ објави текст со наслов „Заев, социјалистот кој има врска со исламот, поддржан од Могерини, ја обвинува Италија за геноцид“.

Сите овие текстови беа споделувани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, и од целата партиска медиумска инфраструктура поддржана од партијата или поддржувачи на партијата. На дел од нив, како и на вебстраната на ВМРО-ДПМНЕ, линковите со пренесените текстови од „Ла верита“ веќе не постојат.

Авторот на сите текстови за Македонија е Ларис Гајсер, во чија биографија во „Ла верита“ стои дека е е роден во Словенија, член е на тим на приватниот Католички универзитет во Милано, предавач на Универзитетот во Џорџија, САД и Диплиматската академија во Виена, и е владин и бизнис консултант.

Факсимил од денешниот текст на Гајсер во „Ла верита“  со наслов „Специјалната обвинителка посакувана од Могерини и Брисел, даде оставка поради случај на поткуп“.

Тој денеска на својот фејсбук профил најавувајќи го текстот со видеото за исплатата на Камчев кон Боки 13, вели дека ова е прв дел „од мојата приказна која докажува како ЕУ, откако поддржа промена на режимот во Македoнија со цел да го ограничи нејзиниот суверенитет, успеа да го создаде Специјалното јавно обвинителство (судија Катица Јанева), кое уште од почетокот не само што нелегално се мешаше во политиката туку и рекетира луѓе!“

„Мафијашки систем кој работи под директна контрола на највисоките политичари! На тие политичари барани од ЕУ и Сорос. Македонија има голем проблем на својот пат кон ЕУ … самата ЕУ! Могерини, Јункер и компанија се виновни за понишување на целата нација и за отворена поддршка на сè што е против нормалното владеење на правото, владеење за кое божем се залага Брисел!“, пишува на Фејсбук Гајсер и најавува дека во следниве неколку дена ќе објави „шокантни документи за кои искрено се надевам дека ќе помогнат Македонија да си го најде патот кон функционална демократија“.

Според информацијата на веб страната, „Ла верита“ е независен дневен весник со седиште во Милано и дистрибуција низ цела Италија, чиј основач и главен уредник е Маурицио Белпјетро, поранешен уредник на весниците „Џорнале“, „Панорама“, „Либеро“ и „Темпо“. Првиот број излезе на 20 септември 2016, прво излегува од вторник до недела, а од 2 јули 2018 излегува секој ден. Онлајн верзијата излегува од 19 март 2018. Според главнот уредник, уредувачката политика на весникот е инспирирана од моделот за либерално новинарство, политички блиско до експремиерот Силвио Берлускони. На 31 октомври, „Ла верита“ го откупи неделникот „Панорама“ од издавачката куќа Мондадори, сопственост на Берлускони, заклучува СДК.мк.

Гајсер денеска одбил даде изјава за А1Он најавувајќи дека објаснувањето ќе го има во следните објави кои очигледно се против Владата на Зоран Заев.

 

 

Слични содржини