Облачно и студено, со повремен снег

од Vladimir Zorba
72 прегледи

   Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен снег со слаб интензитет особено претпладне во југозападните делови. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува и умерен северен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус осум степени, а дневната од минус пет до седум степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува и умерен северен ветер. Утринската температура ќе се симне до минус три, а дневната ќе достигне до пет степени.

Во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, особено во сабота. Во недела кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а нови врнежи се очекуваат од почетокот на наредната недела. с