Облак од пепел над вулкан во Русија: Се очекува ерупција на Ебеко (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Вулканот Ебеко исфрлил пепел до височина од 2,5 километри, соопшти главната управа на министерството за вонредни ситуации на Русија за регионот Сахалин.

Пепелта се проширила на северот на растојание од повеќе од пет километри.

Ебеко три дена исфрла пепел. Според експертите, постои голема веројатност да дојде до ерупција.

Вулканот Ебеко е висок 1.156 метри и се наоѓа на островот Парамушир, седум километри северозападно од Северо-Курилск на северниот дел од гребенот Вернадски.

Редовни ерупции на вулканот се регистрирани од 20 октомври 2016 година.

Рекордно исфрлање пепел е регистрирано на 31 август 2018 година, кога чадот стигнал на шест километри од новиот кратер на вулканот, формиран во 2017 година.

Слични содржини