Обожавате тестенини, но дали ги правите овие грешки при готвењето?

од desk4
352 прегледи

Тестенините сите ги обожаваме, пред сè затоа што се вкусни, а потоа и бидејќи се едни од поедноставните оброци за подготовка.

Но, иако ви изгледа дека нема каде да се згреши, подготовката на тестенините е многу повеќе од тоа да ги ставите во вода и да чекате да се сварат.

Дали и вие ги правите овие грешки?

Ставање сос врз тестенините

Всушност, правилно е тестенината сварена „ал денте“ да се префрли во садот со сос и да се остави таму да се заврши процесот на варење и впивање на аромите.

Преварени тестенини

Го почитувате времето наведено на пакувањето, но и покрај тоа добивате премногу сварени тестенини. Треба да ги извадите од водата во која се вареле една до две минути пред препорачанаото време, па ги префрлате во сосот.

Користите сланина во карбонарата

Иако сланината дава одличен вкус на карбонарата, оригиналниот рецепт е со италијанското сушено месо „гуанчиале“, кое се подготвува од месото на свинските образи.

Пробување на самиот крај

Тестенината треба да ја пробувате цело време, за да не се случи да биде предоцна да ја спасите од преварување.

Додавање сол предоцна

Водата во која се варат тестенините се посолува кратко пред убаво да зоврие, а потоа се додаваат тестенините. Грешка е ако ја посолувате кога е ладна или откако сте ги додале тестенините внатре.

Слични содржини