269
ДИК ги објави резултатите од 65 отсто од обработените гласови. Според информациите СДСМ е во водство со 36,77 отсто од гласовите, а ВМРО-ДПМНЕ има 35,75 проценти поддршка.
ДУИ води во албанскиот блок со 10,32 отсто, а Коалицијата меѓу Алијанса на Албанците и Алтернатива освоила 8,14 проценти од гласовите. Потоа следат Левица со 4,16 отсто, Интегра со 1,33 и ДПА со 1,33 проценти. Сите останати листи досега освоиле помалку од 1 процент.