Жељко Обрадовиќ се врати во Партизан.
Белградски „Курир“ објави дека најтрофејниот европски кошаркарски тренер потпишал тригодишен договор.
Обрадовиќ тренерската кариера ја започна со освојување на титулата европски шампион со „црно-белите“, на чија клупа се враќа по 28 години.
Девет пати ја освои Евролигата, а беше шампион со Реал, Панатинаикос и Фенербахче.