Обрадовиќ: Зад Беливук стои владата

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, тврди дека владата во моментов не води никаква борба против криминалот и корупцијата туку, како што рече, „ги отстранува своите траги во формирањето и досегашната заштитата на криминалната група на Вељко Беливук“.

Во писмената изјава за медиумите, тој ги повтори обвинувањата дека владата стои зад криминалната група на Вељко Беливук, а како наводен доказ тој наведува дека оваа навивачка група, како што тврди, не постоела сè додека СНС не дошла на власт, ниту Беливук имал врски со навивачи на Партизан, ниту бил било какво „име“ во криминалот.

Тој додава дека сите функционери на СНС секој ден даваат изјави дека треба да се справат со политичките заштитници на овој криминален клан во полицијата и владата, без никогаш да кажат ниту едно име кое е одговорно.

За него, ова значи дека сите тие всушност сакаат да ги сокријат своите политички ментори за кои тој тврди дека седат во владата, врвот на МВР и БИА и додава дека претседателот и премиерот треба да поднесат оставки заради скандалите во кои се вмешани нивните најблиски соработници.

 

Слични содржини