ОБСЕ ќе презентира правен коментар на Законот за кривична постапка

од Марта Пешевска
236 прегледи

Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе го презентира правниот коментар на Законот за кривична постапка, кој ќе им помогне на адвокатите, судиите и обвинителите да го применат правото на подобар и поунифициран начин во судовите.

Правниот коментар, кој е прв од таков вид, беше подготвуван од група правни експерти.

Од Мисијата на ОБСЕ информираат дека на коментарот на Законот за кривична постапка работеле последните три години во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

На презентацијата најавено е обраќање на шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Горан Коевски.