-Обуката ќе овозможи библиотечниот персонал од Националната библиотека и од другите градски и локални библиотеки во Република Македонија – учесници на семинарот да се запознаат со тоа кои лица спаѓаат во категоријата корисници со тешкотии во читањето на стандардниот печат; со достапните формати и издаваштво во пристапни формати; со видовите пречки со кои се соочуваат корисниците со оштетен вид и другите лица со тешкотии во читањето; пристапност на информациите и публикациите на
корисниците со тешкотии во читањето; помошната технологија (уреди, софтвери и помагала за читање и пишување); позитивна практика во давањето услуги на лицата со тешкотии во читањето и др.), наведува НУБ.
Во декемеври 2011 во НУБ „Св.Климент Охридски“ беше пуштен во употреба библиотечен Центар за слепи и слабовидни лица, со цел да им се овозможи поцелосно и поефективно учество и вклучување во
општеството на повеќе од 2500 слепи лица и поголем број лица со тешки оштетувања на видот. Слепите и слабовидните лица таму користат материјали со културни, образовни и други содржини во пристапни формати. Центарот располага со опрема за печатење книги со Брајово писмо и за издавање аудиокниги
