Еден од обвинетите за убиството на ракометарот Денис Тот, Анџело Ѓорѓиевски кој доби затворска казна од 18 години, денеска во Основниот кривичен суд- Скопје изјави дека не се дал во бегство, туку сам да се пријавил во полиција после немилиот настан.
-Сам се јавив кај инспектор од потраги и бев спроведен во затворот Скопје. Не сум се дал во бегство. Бев изгубен од целиот настан и бев под дејство на антидепресиви. Ако бев во бегство, немаше денес да бидам тука. Барам поблага мерка, но знам дека нема да ја добијам, така да не е проблем, ќе останам во притвор, рече Ѓорѓиевски во своето обраќање пред судот.
Покрај изречената казна за Ѓорѓиевски, судот досуди 18 години затвор за обвинетата Клементина Левковска и 16 години затвор за третообвинетиот Андреј Костовски.