370
Четворицата обвинети во случајот за организаторите на 27 април предложиле по триста сведоци.
Обвинителката Вилма Русковска апелираше судијата да размисли кого ќе прифати од предложените.
„Самите обвинети признаа дека сите докази им се дадени од страна на обвинителството скенирани, освен цедињата во електронска форма кои ни беа пратени од мобилните оператори за дојдовни и појдовни повици од нивните телефонски броеви, но од друга страна, од податоците на операторите е изготвена анализа, а таа беше дадена на одбраната со завршување на истрагата. Сметам дека ова е одолговлекување на одбраната“, рече Рускоска.
Адвокатите на обвинетите пак, не сакаа да дадат изјава по завршувањето на рочиштето.
А.Т.
Фото: Борче Поповски