Обвинителство бара условна казна од 20 месеци за Блатер и Платини

од Nikola Popovski
268 прегледи

Швајцарското федерално обвинителство побара условна казна од 20 месеци за поранешните претседатели на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер и Европската фудбалска унија (УЕФА) Мишел Платини, за измама, лошо управување, проневера на средства и фалсификување документи, пишуваат француските медиуми.

Против нив двајца во ноември минатата година беше покренато обвинение за незаконско прибавување на 1,8 милиони евра (два милиони швајцарски франци). Како прв човек на ФИФА, Блатер ги плаќал тие пари на Платини за консултантски услуги од 1998 до 2002 година.

Платини и Блатер од почетокот на истрагата тврдат дека се работи за устен договор, според кој годишната плата на Платини изнесувала еден милион швајцарски франци, но дека тогаш тоа не било можно да се плати.

Обвинителството сепак тврдеше дека се работи за неоправдана исплата, доведувајќи ја во заблуда внатрешната контрола на ФИФА со лажни тврдења на двајцата челници.

Слични содржини