Обвинителството бара повисоки затворски казни за Груевски и Мијалков

од Nikola Popovski
252 прегледи

Со денес донесената пресуда се потврди тезата на Обвинителството дека обвинетите Никола Груевски, Сашо Мијалков и Орце Камчев дека го сториле кривичното дело перење пари. Сметам дека Обвинителството изнесе квалитетни докази. Во однос на Груевски, се покажа дека додека бил премиер делувал коруптивно, не го пријавувал имотот и дека во 2012 година преку фирми со сложена шема за себе купил имот во Македонија со незаконски парични средства. Сметам дека конфискацијата на имот е важна, рече обвинителката Лиле Стефанова.

Според неа, дел од казните за обвинетите се правилно одмерени, но за дел ќе почекаат и ќе одлучат дали ќе вложат жалба, особено за казните за Груевски и Мијалков.

-Бараме поголеми и сметам дека за обвинетиот Груевски казната затвор од 5 години е мала, рече Стефанова после пресудите за предметот „Плацеви на Водно“.

– Иако од износите кои ги слушавте, а ги читаше судот, имотите беа евидентирани со пониски износи, во моментот, трите стана луксузни во Панорама Резиденс, два стана на улицата во кои живеел Никола Груевски, а сега живее и неговото семејство, градежното неизградено земјиште на Водно во површина од 2 700 метри квадратни, имотот во Крушево, и земјиштето кое беше конфиксувано, а по кое и овој предмет го доби името „Плацови на Водно” во моментот, според пазарната вредност вредат околу 3 милиони евра, рече таа.  

Слични содржини