Обвинителството е заробено, велат од ДУИ откако екс-министрите Бектеши и Сарачини останаа обвинети за кочанската трагедија

од Nikola Popovski
26 прегледи

Демократската унија за интеграција изрази загриженост во врска со одлуката на Јавното обвинителство да поднесе обвиненија против поранешните министри за економија, Крешник Бектеши и Валон Сарачини, во врска со случајот со кочанската трагедија.

„Оваа селективна правда и јасна политички мотивирана акција претставуваат уште еден доказ дека обвинителството не само што ја изгубило својата независност, туку станало и инструмент за политички прогон и изборен инженеринг“, велат од ДУИ.

Според партијата, целта е јасна – директно влијание врз локалните избори и замолчување на критичките медиуми преку таргетирање на истакнати и гласни личности од албанската заедница.

„Обвинителството целосно го изгуби својот кредибилитет заштитувајќи ги владините функционери, додека соработува со неформални центри на моќ за да монтира случаи против поранешни министри и политички противници.

Јавното обвинителство, со оваа одлука, официјално се прогласи за заробено“, сметаат од Мала Речица.

ДУИ ќе преземе сите демократски и политички чекори за да го заштити, како што велат, гласот на Албанците, интегритетот на изборниот процес и принципите на правдата и владеењето на правото.

„Апелираме за итна реакција од меѓународната заедница, особено од институциите кои ја спроведуваат реформата на правосудниот систем, за да не молчат пред очигледната злоупотреба на институциите за политички цели“, стои во партиското соопштение.

34-ца осомничени за пожарот во кочанската дискотека добија статус на обвинети. Истрагата заврши, до судот поднесено обвинение. На одговорност се повикуваат тројцата сопственици и управители на клубот, исто толку поранешни градоначалници, градежни инспектори, вработени во дирекцијата за заштита и спасување и во министерството за економија, во фирма за обезбедување имоти и лица. Се товарат за тешки дела против општата сигурност за што е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.

Слични содржини