Обвинителството не соопштува детали за спречениот терористички напад од ИСИС

од desk2
117 прегледи

Како бил спречен терористичкиот напад – институциите без детални информации. Јавноста без детали – дали се идентификувани луѓето кои го планирале нападот, дали и колку се приведени и што се е пронајдено од страна на МВР при спречувањето на нападот. Од јавното обвинителство велат дека се работи на предметот, исто така не соопштуваат детали за акцијата ниту спомнуваат уапсени.

– „Надлежен обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција издаде наредба за вештачење на одземените предмети. Во моментов со оглед на чувствителноста на ова прашње, ова се информациите кои обвинителството може да ги сподели“ – вели Елизабета Недановска – ОЈО

Од МВР велат дека остануваат на ставот на првичното соопштение на МВР во кое е наведено дека е превениран терористички напад но без допополнителни информации за акцијата која македонската полиција ја презела и за спречениот напад на ИСИС. Во соопштението на МВР е наведено дека преку размена на информации со партнерска земја спречен бил терористички напад кој го подготвувале борци на радикалниот ислам, како и тоа дека во акцијата биле направени претреси на неколку локации но не е наведено на кои локации и дали до сега има приведени.

Со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, Министерството за внатрешни работи изготви план на мерки и активности, за што обезбеди соодветни наредби за нивно спроведување. По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад“, се наведува во соопштението на МВР.

Министерството за надворешни на Бугарија во петокот вечерта издаде предупредување од можни терористички напади во Македонија повикувајќи се на информациите од македонската полиција за спречен терористички напад. Слично предупредување за своите граѓани издаде и американската амбасада во Македонија во кое се вели дека постои зголемен ризик од терористички напади од ИСИС во Северна Македонија./24 Вести