Обвинителството за организиран криминал ќе ги истражува јавните набавки за модуларните болници

од Берта Китинска
193 прегледи

Трагичниот настан што се случи во Тетово иницираше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција согласно своите надлежности да отвори предмет по допрен глас.

-Постапката е во насока на проверка на спроведувањето и реализацијата на јавните набавки за изградба на модуларните болници во државава.

За таа цел, денеска до Бирото за јавни набавки и Министерството за труд и социјална политика е издадена Наредба за обезбедување на севкупната документација поврзана со изградбата на сите 19 модуларни болници. Прибраните материјални докази ќе бидат предмет на анализа во насока на утврдување дали документацијата за спроведената јавна набавка соодветствува со техничката документација за овие објекти.

Воедно, согласно своите надлежности Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе преземе и други дејствија за прибирање на докази со цел утврдување на фактичката состојба, стои во соопштението на ОЈО.

Слични содржини