Обвинувања од грчкото МНР: С. Македонија го прекршува Преспанскиот договор и ја игнорира историјата

од Nikola Popovski
61 прегледи

Грчкото Министерство за надворешни работи денеска преку соопштение обвини дека „политичкото раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа“. Од официјалната грчка дипломатија наведуваат дека ова предизвикува „враќање на дејствијата од минатото кои алудираат на иредентистичко расположение и целосно игнорирање на историјата“.

Како што се забележува во нивната реакција, „грчкиот министер за надворешни работи веќе детално им ги предочил релевантните прекршувања на своите колеги во Советот за надворешни работи и ќе продолжи да го прави тоа“.

Дополнително, додаваат од грчкото МНР, ова прашање е покренато на меѓународно ниво од страна на грчката Влада.

„Раководството на Северна Македонија се повеќе се оддалечува од добрососедските односи кои се основата на европското законодавство и меѓународното право“, стои во ставот на грчкото МНР.

Слични содржини