Следбеници на турскиот духовник и противник на властите во Анкара Фетулах Гулен, кој живее во САД , се обиделе да го отрујат претседателот Реџеп Ердоган. Ова го изјави министерот за здравство Мехмет Мјезиноглу, цитиран од турскиот весник “Хуриет” и БГНЕС.
“Фетулахската терористичка организација” – како што ја нарекуваат властите, внимателно го следала официјалниот и приватниот живот на Ердоган, докажувајќи го обидот да го отруе, пишува весникот “Бугјун”, кој првично беше близок до Гулен, но подоцна стана провладин медиуми.
“Луѓето кои сакаат да прават добри нешта, секогаш се предмет на слични обиди”, рече министерот, цитиран од “Бугјун”. Според него, кога шефот на државата разбрал за обидите, ги нарекол приврзаниците на Гулен “хашаши”, имајќи ја предвид истоимената средновековна исламска секта позната по своите убиства.
На работ на војна!?- С. Арабија ја бомбардирала амбасадата на Иран во Јемен
“Тие развија стратегија за колапс на државата одвнатре. Тие лукаво го оркестрирале. Тие се како волци, облечени како овци “, додаде уште Мјуезиноглу.
Против близу 69 лица, меѓу кои и самиот Гулен, вчера беше покренат судски предмет под обвинение за обид за соборување на турската влада преку истрагата за корупција против високи државници на крајот на 2013 година.
Ова не е прв пат официјални турски претставници да обвинуваат за заговор против Ердоган, особено во услови кога паѓа неговиот рејтинг или треба да се преземат непопуларни економски или политички мерки.
