Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити на денешната прес-конференција изјави дека пожарите кои се случуваат изминативе денови треба да бидат „аларм кој бара сеириозна институцинална мобилизација која е веќе во тек“.
-Очекуваме инцидентот да се расветли и причинителот односно причинителите да бидат јавно обзнанени, истакна Меџити на прес-конференцијата со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
На новинарско прашање дали се знае какви материи се шират во воздухот, што дише населението и кога ќе има резултати, одговори дека денеска ќе се знаат и „за се ќе биде известено детално и транспарентно“.
За тоа дали чувствува одговорност што после полноќ и без присуство на медиуми дошол на местото на настанот и снимил изјава, Меџити одговори дека цело време бил во тек и „на линија со министерот за внатрешни работи“, иако, рече, МЖСПП не е дел од Управувачкиот комитет за справување со кризи.
-Но, тоа не значи дека не сме биле уште од првиот момент. Инспекторатот за животна средина, како што кажав во говорот, веднаш пристапил кон местото и акредитираните лаборатотии во Министерството, како и други акредитирани лабориотии, цело време вршат мерења. Тоа што не бев на прес-конференцијата, не сум бил дел од Комитетот, но постојано сме во тек, одговори Меџити.