Очекувано: „Игра на тронови“ е пиратски најсимнуваната ТВ серија

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Телевизискиот серијал “Игра на престоли” на HBO за петта година по ред води на листата за најчесто пиратски преземаните телевизиски емисии на интернет, соопштија руски медиуми.
350 илјади луѓе истовремено симнувале торенти со поединечните епизоди од последната сезона на серијата. Во последно време сè повеќе гледачи преферираат онлајн стриминг и може да се претпостави дека бројот на корисниците наскоро ќе се зголеми.

„Живите мртви” ја задржуваат втората позиција на листата, а дебитантот во годината “Западен свет” на HBO е на третото место.

Во првата десетка се уште сериите за суперхерои “Блиц”, авантуристичката “Стрела”, широко популарната “Биг Бенг теоријата”, “Викинг”, “Луцифер”, правниот “Костуми” и новиот проект на Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј “The Grand Tour”.

Серијата “Игра на престоли” е екранизација на незавршената фантастична сага “Песна за оганот и мразот” на писателот Џорџ Р. Р. Мартин, која излегува од печат од 1996 година. Делото е посветено на историјата на неколку старешински семејства, граѓански војни, интриги , труења и магии.

Серијата излезе на екраните во 2011 година и е наградена со многу престижни награди, а постави и рекорд на вкупниот број освоени статуетки “Еми” – 38. Премиерата на седмата сезона ќе биде во 2017 година.