Очекувавме повеќе разум, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ ги нарече „шупливи“ повиците на Мицкоски за сплотеност

од Nikola Popovski
152 прегледи

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека очекувале повеќе разум од СДСМ околу нивниот став по вчерашниот повик за сплотеност и обединување на премиерот Христијан Мицкоски. Велат дека „жално е да се гледа како СДСМ нема сила и храбростда се отргне од мафијашите кои им ја држат заробена партијата“.

-СДС стана дувло за закрила на пар криминалци, коиги имаат личните интереси пред се. Државата има потреба од нормална и конструктивнаопозиција, а не опозиција која секое свое делувањеќе го насочува кон заштита на поединци кои сеогрешиле пред законот, стои во партиското соопштение од партијата на власт.

Ваквата реакција следува откако од партијата на Венко Филипче истакнаа дека „протоколарните пораки за обединување, немаат никаква врска со реалноста која ни ја сервира ВМРО-ДПМНЕ и политиките кои ги практикува во овие два месеци“. Повиците и пораките на Мицкоски ги нарекоа „шупливи со кои сака да глуми конструктивност“.

-ВМРО-ДПМНЕ нема ниту план, ниту конкретен предлог за обединување, тоа единствено им е потребно на говорниците. Националното единство му е напишано во секој говор за да го прикрива семето на поделбите и омразата кое го сее.

Власта мора да даде конкретен пример со дела и да биде подготвена да прифати проширување на областите за разговор. Да разговараме и за утврдување принципи за подобрување на состојбите во здравството, за положбата на работниците, за младите.

Национален консензус за главните прашања сметаме дека е потребен. И во минатото СДСМ повеќепати ја повикуваше тогашната опозицијата за најважните прашања да застанеме заедно, стои меѓу другото во соопштението на најголемата опозициска партија.

Понудата до опозицијата од јавна сцена стигна од премиерот за Денот на независноста. Мицкоски за СДСМ оцени дека треба да престане старата пракса кога се на власт да тргуваат со слободата и државноста на народот, а во опозиција да ги ставаат личните и партиски интереси пред националните.

Премиерот ја подвлече важноста на националните интереси, нагласувајќи дека тие ќе бидат брани по секоја цена. Исполнување на стратешката цел – членство во ЕУ за која вели подготвен е во секое време да разговара, но не и за се да преговара.

-Исчистете се од криминалот во своите редови и реформирајте се. Прифатете го ова што го нудам како платформа. Сите партии и чинители да седнеме на заедничка маса и да изградиме македонска платформа за делување, за иднината и наредната доба. Од нас зависи, во наши раце е иднината и ние можеме. Во оваа прилика сакам да се обратам и до опозицијата која тоне во безидејност и конструктивност. Ве повикувам да престанете со деструктивни игри. Дојде време да завртите нова страница во која ќе бидете активен учесник во градењето на заедничката држава. Силна опозиција е од суштинско значење, додаде меѓу другото, Мицкоски во своето обраќање пред присутните во салата на Македонската филхармонија.

Слични содржини