171
На почетокот на јануари во Брисел ќе замине избраниот висок воен претставник во НАТО. Станува збор за полковник, кој беше раководител на секторот за воена безбедност и разузнавање. Искусен, со долги години во Армијата, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата „Вин-вин“ на Телма.
Таа додаде дека завршена е целата процедура, откако претходно еднаш пропадна обидот за испраќање на висок воен претставник. Сега указот е потпишан од претседателот на државата и е објавен во службен весник.
Како што кажа Петровска, избраниот висок воен претставник поседува НАТО сертификат и е висок професионалец, кој ја сака државата и ќе работи во интерес на државата.