258
Почнувајќи од 1 февруари годинава, сите основни училишта во Ѓорче Петров ќе забрануваат мобилни телефони за време на наставатa.
Учениците и наставниците пред почетокот на часот во изготвените џебови, нумерирани со бројки по дневник на учениците, треба да ги одложат исклучени мобилните апарати на означените места, објави денес градоначалникот Александар Наумовски.
Според Наумовски, целта е непречено одвивање на наставниот процес.
„За наставниците кои нема да ги почитуваат насоките, следува дисциплинска мерка“, соопшти градоначалникот на Ѓорче Петров.