Од 1-ви ноември ТЕ-ТО ќе работи

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник денеска обелодени дека когенеративната термоелектрана ТЕ-ТО ќе работи од 1-ви ноември.

-Топлинска енергија ќе има. Граѓаните да не се грижат, изјави Бектеши по средбата со претставници на прехранбената индустрија.

ТЕ-ТО АД е акционерско друштво кое е основано во 2005 година од странски и домашни инвеститори. Oсновна дејност на компанијата ТЕ-ТО АД Скопје е когенеративно производство на електрична и топлинска енергија во таканаречен комбиниран циклус.

Постројката е изградена од страна на меѓународниот конзорциум составен од GAMA Power Systems (Турција) и Alstom Ltd (Швајцарија) врз основа на договор за реализација на проектот по принципот клуч на рака, и во чии раце беа целокупниот инженеринг, набавки и градба на постројка, притоа следејќи ги домашните и меѓународните стандарди.

Слични содржини