Од 1500 до 3000 евра: Казни за профитерите со препаратите за дезинфекција и маските за заштита од коронавирусот

од Берта Китинска
288 прегледи

Иако граѓаните реагираа дека маските и препаратите за дезинфекција неколкукратно се поскапени вонредните контроли на пазарниот инспекторат не покажале злоупотреби.

-Ако мисли некој да профитира на сметка на здравјето на граѓаните, се лаже. Ако утврдиме дека некаде има сериозни пропусти  ќе следуваат соодветни санкции , изјави техничкиот Премиер Оливер Спасовски.

Екипата на Локално пред неколку дена ги посети аптеките каде имаше намалена гужва од вообичаената. Во разговор со фармацевтите тие ни кажаа дека маски како и гелови за дезинфекција нема.

-Цената на хируршката маска останува иста, но во моментов немаме на залиха. Нарачани се нови количини, а кога ќе пристигнат не знаеме, велат фармацевтите.

На социјалните мрежи пак корисниците велат дека цената за една хируршка маска од 4 е зголемена на 15 до 30 денари.

Од организацијата на потрошувачи апелираат до трговците да не ја користат ситуацијата и да ги поскапуваат производите кои во моментов се најбарани.

Казните за ваква злоупотреба се движат од 1500 до 3000 евра.

Слични содржини