Од 2.636 тестирања, нови 190 заразени со Ковид-19

од Nikola Popovski

Направени се 2.636 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на КОВИД-19, информираат од Министерството за здравство.

Според бројките на Институтот за јавно здравје, регистрираните позитивни се од Скопје – 93, Куманово – 25, Прилеп – 13, Битола – 12, Кратово –  7, Кавадарци и Демир Хисар – по 5,  Тетово и Крива Паланка – по 4, Велес, Охрид, Струга и Свети Николе – по 3, Струмица, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Кочани, Ресен и Радовиш  – по 1.

Исто така регистрирани сe 293 оздравени пациенти од: Скопје – 138 , Куманово – 23, Штип – 19, Битола – 15, Кавадарци – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 11, Кочани – 9, Прилеп – 8, Велес и Кичево – по 7, Ресен – 6, Гевгелија и Берово – по 4, Радовиш и Гостивар  – по 3, Кратово, Неготино и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Струмица, Валандово и Демир Капија  – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.299.826 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини