Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Од 2022 година: Автомобилот нема да стартува без претходен алкотест

Од 2022 година: Автомобилот нема да стартува без претходен алкотест

Земјите-членки на Европската унија се согласија за измените во врска со новите автомобили и мини комбињата, односно безбедносната опрема во нив.

Така, од 2022 година, сите нови возила што се продаваат во земјите-членки на ЕУ ќе бидат опремени со: приклучок Alcolock, црна кутија, автоматски систем за сопирање, систем на предупредување за вртење во друга лента (ако не се вклучени сигналите за вртење) …

Исто така, идните нови автомобили и комбиња ќе треба да имаат таков облик на предниот дел на возилото, односно хаубата, што ќе ја намали можноста од повреди на главата на пешаци и велосипедисти во случај на судир.

Спомнувањето на Alcolock, исто така, ја најавува можноста за промена во националното законодавство на земјите членки на ЕУ, односно можноста оние кои веќе се казнети за возење под дејство на алкохол, се должни да го користат тој уред пред да го стартуваат автомобилот. Ако имаат нелегална количина алкохол, тие нема да можат да го стартуваат моторот на возилото. Некои држави веќе имаат таква одредба во нивното законодавство. Што се однесува до црната кутија, таа ќе ги сними телеметриските податоци пред, за време и по несреќата.

Се предвидува дека овие мерки, до 2038 година, ќе избегнат 25.000 смртни случаи во сообраќајот, како и 140.000 сериозни повреди. Стручните тела на Европската унија проценуваат дека човечкиот фактор е одговорен за 90% од несреќите.

Системите што ќе бидат задолжителни кај новите автомобили од 2022 година се:

– приклучок Alcolock
– систем за автоматско сопирање,
– систем за набудување на брзината (според ограничени сообраќајни знаци на брзина – системот ќе може да се исклучи),
– систем за откривање на замор,
– вклучување на сите четири сигнали за вртење при силно сопирање,
– систем на предупредување за возила, пешаци или велосипедисти при возење
– систем за задржување возила во сообраќајната лента,
– црна кутија
– проширување на зоните за заштита на главата и возачот и патникот,
– прецизно следење на притисокот во гумите.

loading...