Од 3.497 пациенти дијагностицирани изминатите 7 дена, 3.047 се невакцинирани

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Од вкупно 3497 пациенти дијагностицирани изминатите седум дена, 3047 се невакцинирани, односно само десет проценти се вакцинирани и се позитивни, а тие кои се во болница на лекување имаат прилично стабилна состојба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат бидејќи тоа е начинот на којшто ќе се постигне колективен имунитет и ќе може нормално да се живее.

Според него, бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани е посебно голем во градови каде што опфатот со вакцинација е околу дваесетина проценти. Тоа се Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево… Во Охрид, каде денеска тој имаше средба со директорите на Општата болница и ЦЈЗ, опфатот со вакцината е 50 проценти и има помалку од десет хоспитализирани пациенти.

Во однос на вакцините, рече дека има сосем доволен број вакцини и најави донација од Република Бугарија на вакцината „Фајзер“.

– Она што е очигледно за сите држави е дека се инсистира на вакцинација, рече Филипче, наведувајќи го вчерашниот пример на Канада каде што ќе биде задолжителна вакцинацијата на сите во јавниот сектор.

Слични содржини