Oд фабриката „5 Летерс“, која имаше лиценцата за одгледување на марихуана, се украдени 108 шишиња масло од канабис и шест најлонски кеси со иглички од цвет од канабис.
„На 19.4.2022 во 11.31 часот во СВР Битола, раководител на агенција за обезбедување пријавил дека во периодот од 18:30 часот на 18.4.2022 до 6:30 часот на 19.4.2022 во фабрика за производство на марихуана во стечај во близина на село Алданци, Крушевско, било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени 108 шишиња масло од канабис и шест најлонски кеси со иглички од цветот од растението канабис. Увид на местото извршиле увидни екипи од Надворешните канцеларии за криминалистички работи Крушево и Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.