Од 510 гласачи, за Каракачанов во С. Македонија гласале повеќе од половината: ВМРО-БНД победи во Битола, Охрид и Штип

од Nikola Popovski
298 прегледи

Бугарската партија ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов е победник по бројот гласови во С. Македонија, според податоците објавени на веб-страницата на ЦИК. Од вкупно 510 лица кои гласале во нашата земја, 216 гласови биле за партијата на бугарскиот вицепремиер, додека ГЕРБ, партијата на актуелниот премиер Бојко Борисов, ја добила довербата на 100 избирачи од С Македонија.

По гласачки места, ВМРО-БНД однел победа во Охрид, Битола и во Штип. Во Скопје најголем број гласови освоила партијата на Борисов, додека во Струмица триумфот е за Демократска Бугарија, за која во С. Македонија гласале 51 лице.

Колку за споредба, на парламентарните избори во 2017 година, резултатот во Македонија бил следен: Обединети патриоти – 197 гласа, ГЕРБ – 69, БСП – 29, Да, Бугарија – 16, Нова Република – 12.

Лидерот на партијата, Красимир Каракачанов на неговиот Фејсбук профил денес објави дека најверојатно ВМРО-БНД нема да биде претставена во 45-от парламент.

„Благодарност до сите што гласаа. Благодарност до сите што ја поддржаа ВМРО. Ви благодариме што за вас „Бугарија е над сè“ и водечко во вашите одлуки е пред се националниот интерес. Сакам да му гарантирам на секој Бугарин кој ја даде својата доверба и да гласа за ВМРО дека нема да ве изневериме! Дури и надвор од парламентот, ВМРО ќе се потруди да ги одбрани вашите интереси, за кои работевме последните четири години – приход, семејство, безбедност. Ние ќе продолжиме да го браниме бугарскиот интерес за Македонија – затоа што не треба да има компромис по секоја цена! Главите горе, пријатели! Вие не треба да се обесхрабрувате! ИМРО не ја доби оваа битка, но „војната“ допрва претстои – и тоа е за највредната – Бугарија“, додаде Каракачанов.

Слични содржини