Од анкетите зависи колку деца од класот ќе седат дома, МОН уверува дека состојбата со вирусот е стабила

од Берта Китинска

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 50 нови позтивни ученици. Министерката за образование  и наука Мила Царовска не располага со конкретни бројки колку ученици и наставници се во изолација, но тврди дека во училиштата нема трансмисија на вирусот.

-На почетокот на училишната година, доколку се утврдеше позитивен ученик  тогаш целиот клас или одделение одеше во изолација. Сега условите се изменети во врска со тоа кој треба да оди во излоација.Епидемиолозите при  спроведувањето на анкетите и дадените изјави од страна на родителите за тоа дали нивното дете било во близок контакт со заболеното лице одредуваат  кои од нив ќе одат во изолација, велат во изјава за „Локално“ од  Центар за јавно здравје.

Оттаму додаваат дека тоа најчесто се ученици кои седат во близана на уечникот кој е позитивен на ковид 19.

Родителите се збунети и дел од нив реагираат дека децата кои се во изолација не можат наставата да ја пратат.

-Синот кој е во петто одделение седи зад детето за кое родителот не извести дека  е позтивно на ковид 19. Кога ја пополнував својата изјава убаво наведов дека моето дете не само што седи зад заразеното дете туку и со него се дружи, вели Оливера Христова  од Скопје, која објаснува дека останатите деца по два дена онлај настава и поминат викенд  продолжиле со настава со физичко присуство.

Воедно дел од нив нагласуваат дека протоколите, носење маска цело време, одржување растојание и дезинфекција, е тешко да се  спорведе.Учениците маските ги отстрануваат за време на одморите, а по училишните часови тие безгрижно се дружат.

Институциите насоодветно ја организираат наставата 

Со растот на ковид позитивните во школите од Меѓаши, како и Народниот правобранител, сметаат дека институциите насоодветно ја организираат наставата. Повеќечасовно седење со маска, недоволна хигиена во училишните тоалети, немање растојание помеѓу учениците, неможност да се контролира нивното однесување надвор од училниците се само дел од нивните забелешки.

Од Меѓаши предлагаат скратени часови и настава на отворено, со цел да се намали ризикот од ширење на вирусот, но и да се избегнат други здравствени проблеми од долгото носење маски, како за децата, така и за наставниците.

Предлогот на Меѓаши да се воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата за да се спречи неконтролираното ширење на вирусот, претставува добра идеја и според докторите.

Во училиштата до сега нема трансмисија на заразата 

Од Министерството за образование и наука велат дека состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна и дека таа континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

-Според последниот пресек на Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02% од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на Ковид 19, истиот процент е и кај наставниците. Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2%. Дел од нив се веќе негативни и вратени на училиште, а дел се уште се во изолација, велат за „Локално“ од кабинетот на Царовска.

Оттаму потенцираат дека она што е сега важно е дека е дека во училиштата до сега нема трансмисија на заразата.

– При појава на ученик или наставник со симптоми на заразата, училиштата постапуваат согласно протоколите и алгоритмите ( ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот. Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД –  19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале и потоа се носи одлука дали сите ученици во одделението ќе заминат во изолација и ќе продолжат со настава на далечина), објаснуваат од МОН.

Од министерството информираат дека според последните податоци со кои располага степенот на вакцинација на наставниот и другиот помошно -технички кадар е на високо ниво и изнесува над 70% од вкупниот број на вработени во училиштата, и е два пати повеќе од националниот просек на вакцинација.

– Има општини и училишта каде процентот на вакцинација на вработените во училиштата е над 90%, што укажува на нивната висока свест и одговорност за заштита на јавното здравје. Очекуваме овој процент дополнително да се зголеми во следните денови. МОН континуирано доставува списоци за вакцинација со вработени во училиштата до МЗ и апелира за вакцинација на наставниот кадар, велат од МОН.

Б.М.

Слични содржини