326
Сите жени, деца и стари лица се евакуирани од опколената фабрика за челик Азовстал во пристанишниот град Мариупол, соопшти денеска вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.
„Наредбата на претседателот е извршена: сите жени, деца и постари лица се евакуирани од Азовстал. Овој дел од хуманитарната операција во Мариупол е завршен“, навела Верешчук, пренесе АП.
Руската новинска агенција ТАШ претходно објави дека денеска се евакуирани 50 цивили од фабриката за челик.