Пожар во болница во Србија, меѓу евакуираните и триесет деца

од Stefanija Kuzmanovska

Пожарот кој избувнал половина час пред полноќ во Специјалната болница за болести на тироидната жлезда и метаболички болести „Чигота Златибор“ во Србија бил локализиран утрово во седум часот.

Пожарот ги зафатил покривот и горниот кат на зградата. Евакуирани се стотина пациенти и вработени, меѓу кои и триесет деца.

Шефот на Одделот за вонредни состојби во Ужице, Саша Цицвариќ за РТС изјавил дека истрагата ќе биде спроведена во најкраток можен рок.

Цицвариќ вели дека пожарот го зафатил покривот и целиот шести кат кој бил од дрвена конструкција, поради што имало отежнувачки околности.

Според него, во гаснењето на пожарот, до седум часот кога е локализиран, учествувале 47 пожарникари со 11 возила.

Цицвариќ вели дека 114 пациенти биле успешно и брзо евакуирани од страна на вработените и пожарникарите.

Слични содржини